1 Chronicles 1
1 Адам, Сит, Енос,
2 Каинан, Махалалеил, Јаред,
3 Енох, Метушелах, Ламех,
4 Ное, Сим, Хам и Јафет.
5 Синови на Јафет: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, (Елиса), Тувал, Мешех и Тирас.
6 Синови на Гомер: Ашкеназ, Рифат и Тогарма.
7 Синови на Јаван: Елиша, Тарсис, Китим и Роданим.
8 Синови на Хам: Куш, Мицраим, Пут и Ханан.
9 Синови на Куш: Сева, Хавила, Савта, Раама и Савтеха. Синови на Раама: Сева и Дедан.
10 Куш го роди и Нимрод; тој почна да станува силен на земјата.
11 Мицраим ги роди: Лудим, Анамим, Лехавим и Нафтухим.
12 Патрос, Каслухим (од кои произлегоа Филистејците) и Кафторим.
13 Ханан го роди Сидон, својот првенец, и Хет,
14 и Јевусијците, Аморејците, Гергесејците,
15 Евејците, Аркијците, Синитите,
16 Арвадите, Семаријците и Хаматијците.
17 Синовите на Сим: Елам, Ашур, Арфаксад, Луд, Арам. (Арамови синови:) Уц, Хул, Гетер и Мешех.
18 Арфаксад (го роди Каинан, а Каинан) го роди Сала, а Сала, пак, го роди Евер.
19 На Евер му се родија двајца синови: едниот се викаше Фалек, зашто во неговите дни се раздели земјата; брат му се викаше Јоктан.
20 Јоктан го роди Алмодад, Шелеф, Хацармавет, Јера,
21 Хадорам, Узал, Дикла,
22 Евал, Авимаел, Сева,
23 Офир, Хавила и Јовав. Сите тие беа Јоктанови синови.
24 А синови Симови, Арфаксад, Сала,
25 Евер, Фалек, Рагав,
26 Серух, Нахор, Тара,
27 Аврам, односно Авраам.
28 Синови Авраамови: Исак и Исмаил.
29 Еве го нивниот родослов: Навајот, првенец на Исмаил, по него Кедар, Адбеел, Мивсам,
30 Мишма, Дума, Маса, Адад, Тема,
31 Јетур, Нафиш, и Кедема. Тоа се Јишмаеловите синови.
32 Синовите на Кетура, Авраамова прилежница: таа го роди Зимран, Јокшан, Медан, Мидјан, Ишбак и Шуах. Синови на Јокшан: Сева и Дедан. (Синови Деданови: Рагуил, Навдеил, Асуриим, Астусиим и Асомин)
33 Синови на Мидјан: Ефа, Ефер, Ханох, Авида и Елдаа. Сите тие се синови на Кетура.
34 И го роди Авраам Исака. Синови на Исак: Исав и Израел.
35 Синови на Исав: Елифаз, Рагуил, Јеус, Јалам и Кореј.
36 Синови на Елифаз: Теман, Омар, Зефи, Гатам, Кеназ, а Тимна, царевата наложница го роди Амалик.
37 Синови на Рагуил: Нахат, Зерах, Шама и Миза.
38 Синови на Сеир: Лотан, Шовал, Зивеон, Ана, Дишон, Езер и Дишан.
39 Синови на Лотан: Хори и Хомам, а сестра на Лотан: Тимна.
40 Синови на Шовал: Алиан, Манахат, Евал, Шефи и Онам. Синови на Зивеон: Аја и Ана.
41 Син на Ана: Дишон. Синови на Дишон: Хамран, Ешбан, Итран и Керан.
42 Синови на Есер: Билхан, Зааван и Јаакан. Синови на Дишон: Уц и Аран.
43 Еве ги и царевите што царуваа во земјата Едомова, пред да се зацари цар над синовите израилски: Бела, син Беоров, а градот негов се викаше Динхава.
44 Умре Бела, а по него стана цар Јовав, синот на Зерах од Восор.
45 Умре Јовав, а по него царуваше Хушам, од земјата на Теманците.
46 Умре Хушам, и по него стана Адад, син Бедадов, кој ги порази Мидјаните во моавското поле. Неговиот град се викаше Авит.
47 Умре Адад, а по него цар стана Самла, од Масрека.
48 Умре Самла, и по него цар стана Саул, од Реховот што е кај реката.
49 Умре Саул, а по него цар стана Ваал-Ханан, син Ахборов.
50 Умре Ваал-Ханан, и по него цар стана Адад, градот му се викаше Паи; името на жена му беше Мехетавела, ќерка на Матраед од Мезахав.
51 Потоа умре и Адад. Началниците едомски беа: началник Тимна, началникот Алиа, началникот Јетет,
52 началникот Охоливама, началникот Ила, началникот Пинон,
53 началникот Кеназ, началникот Теман, началникот Мивзар,
54 началникот Магдиел, началникот Ирам. Тоа беа началниците на Едом.